Македонски ликовни уметници во Белград

Независно од тоа што македонските ликовни уметници кои се школувале или живееле во Србија се припадници на различни генерации, лесно можеме да ги констатираме нивните заеднички карактеристики како и оние по кои се разликуваат. Кога станува збор за материјалната култура, заедничка им е
припадноста на класичното сфаќање, според кое сликата е површина исполнета со боја.
Од друга страна, уште при изборот на формалната структура т.е. ликовниот јазик јасно се издвојуваат индивидуалните карактери: од поетскиот реализам и надрелната фигуралност, преку експресионистичката егзалтрција и смирените валерски созвучја, сè до современата симболика и апстракцијата. Се разбира, тоа е во согласност со историската структура односно во зависност од тоа што го инспирирало уметникот за креативниот акт – да ли мотивот е резултат од визуелното доживување или од фантазијата на самиот автор. Конечно метафизичката структура уште еднаш ни подвлекува несомнени различности што ги обележуваат поединците. Би можело да се рече дека притоа распонот на индивидуалните карактери главно е во согласност со уметничкото искуство. Од една страна, тоа се речиси филозофски размислувања и согласност со хармонијата на светот во којшто живееме, со потрага по моментите на естетското доживување, а од друга страна сугестивна е творечката вознемиреност, возбудата и љубопитството пред таинствените загатки на животот и уметноста.

Ако во потесна смисла несомнено му припаѓаат на кругот на белградската колористичка школа, на поширок план македонските уметници се типични Медитеранци, ластар на балканското поднебје, на кое не му се прифатливи патетиката, метафизичкото сонување или дури самосожалувањето.
Спонтано прифаќајќи го влијанието на средината во која живеат, тие штедро ѝ го враќаат долгот со благороден прилог. И покрајсовремената агресија на потрошувачкиот менталитет, тие преку своите дела нѝ праќаат скапоцени пораки за неуништивиот свет на душевната убавина.

Back to top button