Знаменити Македонци во СрбијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Рубенс Корубин

Рубенс Корубин веќе долго време е на самиот врв на македонското сликарство. Неговите дела се оние ретки, совршени унии меѓу темата и начинот на експресија. Неговата уметност сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емоционално богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Корубин е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи што го сочинуваат нашиот свет.

Роден е во 1949 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, а во 1976 завршил постдипломски студии во класата на Младен Србиновиќ.

Зад себе има повеќе самостојни и групни изложби, како во земјата, така и во странство. Самостојно изложувал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и во Париз. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство.

Корубин е автор и на два монументални мозаика: „Пелинце 2004“ и „Cupidae Legum Iuventuti“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Добитник е на пет национални награди, меѓу кои и Гран при на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2005 година.

Пелинце

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button