Македонски ликовни уметници во Белград

Независно од тоа што македонските ликовни уметници кои се школувале или живееле во Србија се припадници на различни генерации, лесно можеме да ги констатираме нивните заеднички карактеристики како и оние по кои се разликуваат. Кога станува збор за материјалната култура, заедничка им е
припадноста на класичното сфаќање, според кое сликата е површина исполнета со боја.
Од друга страна, уште при изборот на формалната структура т.е. ликовниот јазик јасно се издвојуваат индивидуалните карактери: од поетскиот реализам и надрелната фигуралност, преку експресионистичката егзалтрција и смирените валерски созвучја, сè до современата симболика и апстракцијата. Се разбира, тоа е во согласност со историската структура односно во зависност од тоа што го инспирирало уметникот за креативниот акт – да ли мотивот е резултат од визуелното доживување или од фантазијата на самиот автор. Конечно метафизичката структура уште еднаш ни подвлекува несомнени различности што ги обележуваат поединците. Би можело да се рече дека притоа распонот на индивидуалните карактери главно е во согласност со уметничкото искуство. Од една страна, тоа се речиси филозофски размислувања и согласност со хармонијата на светот во којшто живееме, со потрага по моментите на естетското доживување, а од друга страна сугестивна е творечката вознемиреност, возбудата и љубопитството пред таинствените загатки на животот и уметноста.

Ако во потесна смисла несомнено му припаѓаат на кругот на белградската колористичка школа, на поширок план македонските уметници се типични Медитеранци, ластар на балканското поднебје, на кое не му се прифатливи патетиката, метафизичкото сонување или дури самосожалувањето.
Спонтано прифаќајќи го влијанието на средината во која живеат, тие штедро ѝ го враќаат долгот со благороден прилог. И покрајсовремената агресија на потрошувачкиот менталитет, тие преку своите дела нѝ праќаат скапоцени пораки за неуништивиот свет на душевната убавина.

  • Димитар Кондовски

    Димитар Кондовски е еден од малкумината македонски ликовни уметници чие творештво остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето. Неговиот…

    Прочитај повеќе
  • Вангел Коџоман

    Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник…

    Прочитај повеќе
  • Лазар Личеноски

    Современата ликовна уметност во Македонија е тесно поврзана со ликот и делото на Лазар Личеноски. Тој е еден од основоположниците…

    Прочитај повеќе
  • Боро Иљоски

    Бора Иљовски е еден од најдоследните и најоригиналните сликари во Србија во втората половина на 20 век. Добитник на неколку…

    Прочитај повеќе
  • Весна Бајалска

    Весна Бајалска е македонска сликарка. Родена е во Белград во 1956 година. Студирала сликарство на Факултетот за применети уметности во…

    Прочитај повеќе
  • Мирјана Крстевска

    Мирјана Крстевска е родена во 1955 година во Качарево во Панчево, недалеку од Белград. Дипломирала на белградската академија за ликовни…

    Прочитај повеќе
  • Евгенија Демниевска

    Евгенија Демниевска е македонска мултимедијална уметничка, активна во сликарство, инсталации, видео, интерактивни проекти, интернет проекти со учество на уметници и…

    Прочитај повеќе
  • Данка Петровска

    Сликарката Данка (Данкица) Петровска е родена во 1946 година во Скопје. Дипломирала на Академијата на ликовните уметности во 1969 година…

    Прочитај повеќе
  • Славе Ајтоски

    Славе Ајтоски е еден од најпознатите македонски скулптори во Србија. Роден е во Прилеп 1948 година. Завршил средно училиште за…

    Прочитај повеќе
  • Киро Станковски

    Киро Станковски, македонскиот сликар, роден е во селото Отошница Кривопаланечко во 1944 година. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Изложувал…

    Прочитај повеќе
Back to top button