Знаменити Македонци во СрбијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Киро Станковски

Киро Станковски, македонскиот сликар, роден е во селото Отошница Кривопаланечко во 1944 година. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Изложувал на неколку независни и бројни колективни изложби во регионот и во странство. Тој е еден од најпознатите надарени сликари на пејзажи што создава во духот на историскиот пленаризам и импресионизам. Бил долгогодишен соработник и изложувач на Продажната галерија “Белград”. Живеел и творел во Белград, Србија, каде и почина во септември 2013 година.

Беше истакнат член на здружението на Македонците во Белград ,,Македониум” и еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

Оската на творештвото на Кире Станковски е педантниот приказ на пејзажот на неговата родна Македонија и селото Отошница. Оваа единствена топографија, сепак, останува само предговор за едно од највозбудливите инстинктивни, повеќе од научни, набљудувања и елаборации на ритмите на природната светлина и сите нејзини раскошни манифестации во историјата на неодамнешното пејзажно сликарство. Поместување на погледите во уникатната топографија на местото и нејзината „сликарска географија“ истовремено го опиша долгото патување на оваа неуморна потрага по уникатниот квалитет на обоената светлина и вистинската радост на животот, која што произлегува од неа. Во формалниот процес на сликање, тоа значи постепено осветлување на основните тонови на палетата на сликарот, интегрирање на неговите светли сини, окер и портокалови тонови во треперливите рефлексии на речиси опипливите интеррегнуми на атмосферата и нејзините сенки, евоцирајќи го основниот изглед на робусно и плодно обработливо земјиште, земја што дефинираше две третини од површината на платното на секој сликар и неговиот материјал.

Извадок од монографијата на здружението ,,Македониум” од Белград:

,,Иницијатор и еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници Македонци во  Србија, Кире Станковски активно учествуваше во организирањето и одржувањето на заеднички ликовни изложби во Белград и во другите места ширум Србија, како и во изработка на каталози. Талентиран, разновиден и плоден сликар ,,со необична радост на платната умешно ја доловуваше светлината на македонските полиња и бојата на фрескита на Балканските простори“ (Душица Илин). Во нив се наѕираа поетскиот дух и носталгијата за Југот, за житните, оризовите, тутунските и афионските полиња, за топлите огништа и небеските височини… Меѓу неговите творби место најдоа и македонските ливади, потоци и шуми, Белиот ангел од Милешево, како и космосот, на начин како тој, Кире, го доживуваше.

Иако притиснат од тешката болест, Кире до последниот ден на животот, сè додека го крепеа силите да стори стотина чекори од својот дом во Браќа Југовиќ, близу Народното позориште, до седиштето на Здужението во Хиландарска 4, беше постојано со нас, спремен да помогне, да прифати обврски, често и такви кои ги надминуваа неговите физички можности.

Тивок, мирен, одмерен, пристапен за секого, весел по природа, со стална насмевка на лицето – таквиот Кире остана во нашите спомени, во нашите кажувања за незаборавните денови поминати во негова близина.”

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button