Манџа ТВ
Да ја зачуваме и негуваме нашата традиција. Да ги пренесуваме приказните од генерација на генерација. Приказните од нашето постоење. За она што ја прави суштината на нашето битисување, нашиот идентитет. Културата, фолклорот, храната се обележја кои не прават толку големи и горди.
Инспирација за рубриката Манџа ТВ е во разновидната традиционална храна, која е белег на нашата традиција и уште еден доказ за нашето богатство.
Современите текови на живеење длабоко испреплетени во старата и богата македонска традиција само уште повеќе ги јакнат сите елементи на една култура, која се темели на своите вековни обичаи. Така е и со македонската храна, со вкусните специјалитети и тајната на македонската кујна.
Приказните раскажани од нашите баби и мајки за тајните рецепти, за богатството на вкусови, за заедничките моменти на трпезата, нивната оригиналност и автентичност не поттикнаа и помогнаа успешно да ја пополнуваме рубриката.
Мудро чувани од нашите претци рецептите за тавче гравче, бакрдан, мазник, питулици, и што ли уште не, само дополнително го зголемија чувството на припадност на еден народ со толку многу богата традиција.
-
Мазник со зелка од тегнети кори
За традиционалната македонска пита – Мазник постојат различни комбинации на подготвка. Во различни краеви, различно се подготвуваат корите. Било да…
Прочитај повеќе -
Бурек на македонски начин
Бурек или Börek е традиционална турска пита со кори (печена), обично полна со месо или сирење. Босанците, Србите и Македонците,…
Прочитај повеќе -
Пастрмка на охридски начин со битолско макало
Пастрмката е здрава и хранлива риба, чие јадење е одлична декорација за секоја празнична трпеза. Содржи многу хранливи материи, вклучувајќи…
Прочитај повеќе -
Василичарски мазник – традиција која трае
Мазник, колпите, колпиде или вртена пита е традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со…
Прочитај повеќе -
Неизоставен дел од Бадниковата трпеза – македонското гравче на тавче
Гравче на тавче е најпрепознатливо македонско национално јадење, сочувано и негувано во македонската традиција. Во речиси секој македонски дом, барем…
Прочитај повеќе -
Предлози за новогодишната трпеза – брзо, лесно, вкусно и убаво
Доколку сте одлучиле Новата година да ја дочекате во удобноста на вашиот дом, сигурно ќе ви се допаднат овие предлози…
Прочитај повеќе -
Македонска ориз тава
Ориз тава, или познатиот ориз со пилешко месо е рецепт кој се приготвува скоро во секој дом во Македонија, и…
Прочитај повеќе -
Овчеполска пастрмајлија
Пастрмајлија е традиционален македонски специјалитет – посебен вид на пита направена од тесто и месо. Името пастрмајлија потекнува од зборот…
Прочитај повеќе -
Компири на поинаков начин
Компирите се вообичаена и многу често омилена храна на нашите трпези. Постојат различни јадења чија главна состојка е компирот, а…
Прочитај повеќе -
Есента мириса на јаболко и цимет
Македонската традиционална сува пита од јаболка идеална е за овие есенски денови. Брзо и лесно се подготвува, а вкусот е…
Прочитај повеќе