МАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Мазник со зелка од тегнети кори

За традиционалната македонска пита – Мазник постојат различни комбинации на подготвка. Во различни краеви, различно се подготвуваат корите. Било да се сукаат или тегнат битно е да се внимава да бидат мазни, убави и тенки како лист за мазникот да биде што повкусен, но и поубав. Различно се подготвува и филот. Изварка, ситно сирење, урда, или пак освежителна кисела зелка. Секој крај си има свои правила и комбинации.

Многумина мислат дека подготовката на мазник е напредно ниво на вештини во кујната. До некаде, може да се каже дека е точно, но со детално опишан рецепт од страна на Ангелина Јовановиќ од Кичево, која што живее и работи во Јабука, верувајте ќе успеете и вие. Таа го подготувва мазникот со тегнети кори и фил од кисела зелка.

Деновиве го одбележивме празникот Прочка. Тој претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за мазник, во други, само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете кое гледајќи како богатите секој ден носат сукани јадења на фурната побарало од мајка му да му меси мазник. Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси мазник, зелник или друга храна и да се раздава.

Мазник со тегнети кори и со зелка е одлично јадење и во време на Велигденскиот пост, кој што започнува Понеделникот по Прочка.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button