GUKESH VS SINDAROV

Во денешниот текст освртот е на претстоечкиот Светски шаховски шампионат кoj ќе се одржи во местото Колоњи, во близина на Женева во Швајцарија, во периодот од 24 ноември до 12 декември 2026. година. Мечот за титулата светски првак ќе се игра во просториите на Фондацијата Мартин Бодмер.
Во борбата за најпрестижната титула во шахот ќе учествуваат:
- Гукеш Домараџу (Индија) – актуелен бранител на титулата.
- Жавохир Синдаров (Узбекистан)

Dommaraju Gukesh – бранителот на титулата

Javokhir Sindarov – предизвикувачот
– предизвикувач, кој го избори правото на учество со победата на Турнирот на кандидати 2026 година одржан во Кипар.
Формат и награден фонд:
- Ќе се играат вкупно 14 партии по класичен временски формат (120 минути за првите 40 потези, потоа 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди бонус по потег).
- Реми со договор не е дозволено пред 40-тиот потег.
- Доколку резултатот биде изедначен (7:7), шампионот ќе се одреди преку тај-брејк во забрзан и брзопотезен шах (рапид и блиц).
- Вкупниот награден фонд изнесува 2,5 милиони долари, а секоја победа во партија носи дополнителни 200.000 долара.
Узбекистанeцот ја има улогата на фаворит:
• Огромна разлика во рејтингот (72 поени): На најновата ноемвриска ФИДЕ рејтинг-листа, Синдаров има 2782 Ело поени и се наоѓа на 4. место во светот. Од друга страна, Гукеш се соочува со голем пад во формата и моментално има 2710 Ело поени, со што падна на 26. место на светската листа. Ова е најголемата рејтинг-разлика меѓу шампион и предизвикувач во поновата шаховска историја.
• Меѓусебен скор (Head-to-Head): Во досегашните партии со класично темпо, Гукеш никогаш го нема победено Синдаров. Синдаров води со 2:0 во победи, додека една партија завршила со реми (оваа година на Тата Стил Мастерс). Во побрзите формати (рапид и блиц), Синдаров исто така има предност од 2:1 во победи.
• Моментална форма во 2026 година: Синдаров има неверојатна година — доминираше на Турнирот на кандидати без ниту еден пораз (10/14), го освои златото со Узбекистан на Олимпијадата во Самарканд и неодамна победи на силниот Clutch Chess турнир во Сент Луис пред Накамура и Каруана. Гукеш, пак, имаше многу тешка сезона со лоши резултати во Норвешка и на Ченај Гранд Мастерс, иако покажа знаци на будење на Олимпијадата со освојување на сребрен медал на својата табла.
Во прилог се две интересни шаховски партии:

Dommaraju Gukesh vs Magnus Carlsen – Француска одбрана

Javokhir Sindarov vs Fabiano Caruana – Сицилијанска одбрана
До почетокот на дуелот останале уште 14 дена, на секоја од партиите ке имаме осврт и анализа, според мене фаворит е Синдаров.



