МАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Македонско селско месо

Селско месо е традиционално македонско и балканско јадење од свинско месо и печурки. Најчесто се користат следниве состојки: свинско месо, парчиња кромид, сушено месо, говедско месо, домати или кечап, кре, сирење, печурки, пиперки, зачини, вино и сол.

Селското месо традиционално се подготвува во земјен сад.

Постојат различни варијанти на селско месо, а една од тие варијанти се нарекува селска тава.

Селското месо се смета за главно јадење.

Селското месо е Македонското традиционално јадење, кое се прави на различни начини, зависи како семејствата го сакаат да го прават.

Приготвување на селското месо:

Состојки:

-1,2кг мешано месо-свинско, јагнешко, телешко, пилешко или јунешко;

– 500/800гр печурки;                                                     

-1-2 главици кромид;                                                    

-2-3 чешниња лук;

-сол, бибер, сув мешан зачин;

-црвен пипер;

–буковец или сува пиперка;

-малку брашно;

-30 мл бело вино

                                  Начин на подготвување:

  1. Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло;
  2. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос, а потоа ги додавате печурките, кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи, и заедно се пржи околу 10 минути;
  3. Во земјена тава или каква имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магдонос;
  4. Се полива со вода и се додава 30мл бело вино;
  5. Со лажица убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија;
  6. Се става во рерна на 150с и се готви два и пол до три часа;
  7. Се открива фолијата и се пече уште еден час на тивок оган;
  8. На крајот, се додава запршка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button