Краткиот игран филм „Никола, Никола“ на режисерот Леон Ристов беше дел од програмата на 32. Фестивал на авторски филм во Белград. Македонско-американската копродукција беше на репертоарот на 24 ноември во 19 часот во салата на Културниот центар на Белград.
Филмот трае 17 минути и ја следи приказната на тинејџер кој тајно се среќава со маж што го запознал преку интернет. Кога автомобилот им заглавува во шума во близина на Скопје, Никола се соочува со опасноста на средбата.
Извор: Културен центар на Белград.


