МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

BOTVINIK VS TAL

Во денешниот текст, со оглед дека останале уште практично неколку денови до почетокот на дуелот помеѓу Гукеш и Синдаров за светската титула, ќе се осврнеме на шампионатот од 1960. година.

Шампионатот се играше во Москва, а борбата се водеше помеѓу Михаил Ботвиник и Михаил Тал. Дуелот заврши со резултат 12½–8½ во корист на Тал. Се играше во формат “најдобар од 24 партии” (прв до 12,5 поени; при нерешено 12–12 титулата останува кај првакот. Коначен биланс беше Таљ: 6 победи, 13 ремија, 2 порази; Ботвиник: 2 победи, 13 ремија, 6 порази.

Тал је освои титулата на возраст од 23 година и стана најмладиот шампион. Ботвиник успеа да ја врати титулата следната година во реванш-мечот во 1961 година.

Во прилог се 3 според мене најинтересни партии на шампионатот:

Ботвиник – Тал – Индијска одбрана – шеста партија

Тал – Ботвиник – Француска одбрана – прва партија

Тал – Ботвиник – дамин гамбит – партија бр. 21

Инаку шестата партија од мечот за светски првак во 1960 година меѓу Михаил Ботвиник и Михаил Таљ заврши со победа на Таљ со црни фигури по 46. потег (0–1). Овој дуел, одигран во Москва, влезе во шаховската историја како една од најпознатите напаѓачки партии на сите времиња, позната под прекарот „Бура на векот“. Посебен осврт на 21. потег – жртвувањето на скокачот.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Погледнте и
Close
Back to top button