БлогВести

Француско-германскиот предлог за Белград и Приштина

Последните неколку месеци француско-германскиот план е се поактуелен за, како велат западните експерти, нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. Во екот на украинската војна врвни западни советници и челници на Европската унија се бават со дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а се со една цел избегнување на евентуален конфликт на европскиот континент, уште еден, покрај оној на источниот украински фронт.

Велат дека тоа шанса да се избегне дестабилизирачкиот фактор од Руската федерација. Велат дека тоа е шанса двете страни да напредуваат во процесот на европските интеграции. Велат дека тоа е шанса да се зацементира регионалната безбедност и стабилност. А никој не потсеќа на Бриселските договори во кои приштинската страна се обврза на формирање на Заедница на српски општини. Заедница која, како е наведено во одредбите на Бриселските договори, би требала да има автономни извршни овластувања во однос на приштинската власт и на тој начин не само да го заштити културниот идентитет и безбедноста на србите кои живеат на Косово и Метохија, туку
и да ја гарантира безбедноста и опстанокот на српската заедница таму.

Меѓутоа и после десет години приштинските власти го одбиваат ова, велејќи прво дека не е во согласност со уставот на Приштина, велејќи дека не прифаќаат моноетнички заедници кои го рушат концептот на мултиетничка Приштина, велејќи дека Србите преку Заедницата на српски општини сакаат да формираат втора Република Српска на Балканот. Иако станува због за меѓународна обврска на Приштина, меѓународната заедница во меѓувреме молчи. Топката е постојано на страната на Србија. Па се обвинуваат србите затоа што ги напуштиле привремените приштински институции, па ги обвинуваат србите затоа што подигнале барикади во знак на протест, па ги
обвинуваат србије дека ја нарушуваат безбедноста на Косово и Метохија, но и на целиот Балкан.

А никој не ги чита Бриселските договори. Во кои Белград за само неколку месеци ги остварил сите свои обврски. Во кои Белград за краток временски период ги интегрирал Србите во привремените приштински институции. Во кои Белград во континуитет искажува спремност за дијалог, додека истовремено Приштина го обвинува за империјалистички амбиции.Па за рем е можно Белград да биде толку империјалистички настроен а истовремено да не одбива ниту еден дијалог, истовремено да ни одбива спроведување на секоја договорена одредба, истовремено да биде конструктивен дури и на своја штета само заради доброто на србије на Косово и Метохија и во интерес на регионалната стабилност?

И денес повторно мака се мачи. Приштинските власти повторно го условуваат формирање на Заедницата на српските општини. Француско-германскиот предлог им е прифатлив, ама не и Заедницата која веќе десет години е потпишана и претставува меѓународна обврска на Приштина.
Денес повторно се преговара сето она што е веќе испреговарано и договорено. Затоа што Заедницата не е дел од француско-германскиот предлог, туку одредба одамна договорена и потпишана. Но не и спроведена.

Прашањето останува исто, како и секогаш. Што тоа чини Приштина па ужива толку голем „кредит“ кај меѓународната заедница? Што тоа чини Приштина па и на сметка на граѓанските права на Србите на Косово и Метохија меѓународната заедница не и замерува? Што тоа толку згрешиле обичните Срби да не можат во центарот на европскиот континент да живеат достоинствено, без страв да се изјаснуваат, без страв да ја промовираат својата култура и традиција, слободно да бидат тоа што се?

Поврзани објави

Еден Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button