МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

“ZUGZWANG”

„Zugzwang“ е ситуација која се среќава во шахот и другите игри каде што еден играч е ставен во неповолна положба поради обврската да го изигра наредниот потег;

Терминот се користел во Германската шаховска литература од 1858. година, а првата позната употреба на терминот на англиски јазик била од светскиот шампион Емануел Ласкер во 1905. година.

Позициите со цугцванг се појавуваат прилично често во шаховските завршни игри, особено во партиите во кои се останати само кралот и пионите.

Инаку зборот доаѓа од германскиот збор Zug „поместување“ + Zwang „принуда“, така што Zugzwang значи „да се биде принуден на потег“.

Во прилог се некои од примерите.

Во прв случај доколку е белиот на потег – реми, а доколку е црниот на потег ја губи партијата.

Во вториот случај црниот е на потег, кој потег и да изигра, ја губи партијата.

Ситуација во која доколку белиот е на потег ја губи партијата, доколку е црниот на потег ја губи партијата.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button