ВестиКонкурсиКултура
Актуелно

Конкурс за проекти од значај за културата и уметноста на националните малцинства во Војводина, за 2024 година

Покраинскиот секретаријат за култура, информирање и односи со верските заедници го распиша Конкурсот за финансирање и суфинансирање на проекти од значај за културата и уметноста за националните заедници во Војводина за 2024 година.

Ќе се финансираат проекти во областа на заштита на нематеријалното културно наследство и современото уметничко творештво, во износ од 15.500.000 динари, како и проекти во област на издавачката дејност на јазиците на националните малцинства – објавување на до сега необјавени книги и списанија, во износ од 3.900.000 динари.

Сите македонски здруженија кои имаат седиште на територија на АП Војводина можат да конкурираат на овој конкурс најкасно до 19 февруари 2024 година.

Повеќе за конкурсот, како и проектната документација можете да видите ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button