ИнформирањеРадио емисии
Актуелно

МАКЕДОНСКА СТИХОВНИЦА – прва емисија на Радио МАК-ИНФО во чест на Рацин

Пред некој ден се навршија 79 години од смртта на Кочо Рацин. Тој е еден од најистакнатите македонски интелектуалци во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата поезија, особено збирката песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература.

Со цел да се негува неговото творештво, да се потсетиме и уживаме во неговата поезија, ве покануваме да ја слушнете емисијата што ја подготвивме во негова чест, во недела 19. јуни од 12 часот на нашето РАДИО МАК-ИНФО.

Емисијата МАКЕДОНСКА СТИХОВНИЦА ќе се емитува секоја недела од 12 часот и ќе биде посветена на негувањето и претставувањето на современата македонска поезија.

Поврзани објави

Еден Коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button