Знаменити Македонци во СрбијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Јордан Гелевски

Јордан Гелевски е роден 1941 година во Ново Село, покрај Струмица. Средно училиште за применета графика завршил во Скопје, а дипломирал 1967 година на факултетот за Ликовна академија во Белград, во класата на проф. Недељко Гвозденовиќ.

Работел како сликар за филмски и телевизиски декор и има повеќе од 50 остварувања, во земјава и во странство. Учесник е на бројни самостојни и групни изложби. За своето сликарско дело наградуван е со бројни домашни и меѓународни признанија.

Член е на УЛУС од 1973 година. Живее и работи во Белград.

Во плејадата на бројните сликараи со македонско потекло во овие простори, видно место завзема Јордан Гелевски, кој инспиративната сликарска генеза ја гледа како нужен обрт донесен од времето со неочекувани противречности.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button