Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо Продукција

Душица Илин Шеќеровска

поетеса и новинар (Тетово 12 март 1944 - 23 ноември 2019)

Душица Илин Шеќеровска е наша позната и призната поетеса, авторка на повеќе од десетина книги поезија, меѓу кои: „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Ветер во кафезот“ (1982), „Толкувањето на стравот“ (1989), „Спорен лет“ (2002), „Вишок на земја“ (2014), „Самотија во движење“ (2019).

Авторка е и на три антологији: Зборник на поезија на добитниците на престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери.

Песните на Душица Илин Шеќеровска преведени се и објавувани во Полска, САД, Турција, Индија, Романија, Хрватска и застапени се во антологиите на македонската и југословенската поезија.

Со Десанка Максимовиќ на Струшките вечери на поезијата

Добитничка е на значајни национални и меѓународни книжевни награди, меѓу кои „Печатот на принцот Лазар“ (2010), „Златен прстен“ (2013), севкупното нејзино творештво на македонски јазик, и за сега е единствена македонска поетеса носител на наградатаа „Симо Матавуљ“. Наградата ја додели Здружението на писатели на Белград за исклучителен придонес во српската литература и меѓунационалната соработка во културата меѓу српскиот и македонскио народ за 2014 година.

Доделување на наградата ,,Симо Матавуљ” од страна на претседателот на Здружението на книжевници во Србија Радомир Андриќ

Душица Илин Шеќеровска се ангажираше на поврзување на македонската и српската култура и културните творци.

Портрет на Душица Илин, изработен од сликарот Павле Кузмановски

Еден е од оснивачите на првото српско-македонско друштво во Белград „Шар планина“, еден од најзаслужните иницијатори и основоположници на Здружението „Македониум“ во Белград, негов прв секретар, а од 2014 година и негова почасна претседателка. Иницијатор е за формирање на македонски струковни здруженија во Србија, како и уредник за култура во списанието „Македонска виделина“, кое на македонски јазик излегува во Р. Србија. Во Македонскиот национален совет беше член во мандатот 2010-2014, каде што го водеше одборот за култура

Со Нина Синицки и сликарот Јован Димовски
Со Ристо Василевски и Бистра Шеќеровска

Како новинар на Македонската радио-телевизија, ги промовираше македонските научници и културни творци, кои живеат и творат во Р. Србија.

Дружење на македонските и српските писатели во Здружението на писателите на Србија
Со колегата и сопругот Виктор Шеќеровски

Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград. Своите литературни и новинарски студии ги усовршила во Скопје и во Белград. Работниот век го помина како новинар на Македонската радио телевизија, од кои 30 во последните години како дописник од Белград. Беше долгогодишен член на Здружението на писателите на Србија и Македонија.

Почина на 23 ноември 2019 година во Белград, каде што е и погребана.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button