Вести

Човековите права треба да бидат секојдневна тема

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалот, во партнерство со Тимот на Обединетите нации во Србија, ОБСЕ мисијата, Канцеларијата на Советот на Европа во Србија и Националниот конвент за Европската унија организираше ,,Форум за човекови права – Србија во 2021 година”.

На Форумот се говореше и за темите ,,Сиромаштво и целите на одржливиот развој ” и ,,Општествен дијалог: пракса, ефекти и понатамошни чекори.”

Еден од учесниците и воведничарите на Форумот беше и претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски, кој што во моментов претседава и на Координацијата на националните совети на националните малцинства.

Министерката Чомиќ истакна дека претставниците на државата, цивилниот сектор, меѓународните институции и стручњаци дискутираа за пристапот на човековите права, сиромашттвото и целите на одрживиот развој и општествениот дијалог во Србија. Таа го најави и почетокот на изработка на стратегија за човековите права, напоменувајќи дека сите учесници на Форумот се всушност активисти за човековите права, кои денеска се на задача, да оценат колку сонуваме за човековите права и каква е нашата реалност.

Комесарката за заштита на еднаквоста Бранкица Јанковиќ изјави дека добилe најмногу поплаки од граѓаните за дискриминација по возраст. Јанковиќ посочи дека затоа годинава фокусот e ставен на дискриминацијата на децата и постарите лица и рече дека, покрај постарите, особено ранливи групи се жените, лицата со попреченост, националните малцинства, особено Ромите и ЛГБТ популацијата.

Заменик-претседателката на Народното собрание, Елвира Ковач, рече дека иако законите во Србија го признаваат концептот на индивидуални и колективни права, тоа не е гаранција дека тие ќе се спроведат.

  • Гледаме дека одредени малцински групи во пракса чувствуваат дека нивните законски загарантирани права не се целосно почитувани и дека сè уште се соочуваат со дискриминација, патријархални ставови и одредено негативно однесување – рече Ковач. Таа оцени дека е неопходно сите институции да соработуваат. Малцинските заедници прво да се запознаат со своите права и тоа да заживее во пракса.

Координаторката на Националната конвенција за Европската унија, Наташа Драгојловиќ, ја посочи и разликата меѓу декларативните права за кои се зборува и секојдневниот живот на граѓаните. Прашање е дали постои свест кај луѓето дека навистина ги имаат оние права кои се наведени во Уставот и стратегиите и дека се загарантирани со закони, рече таа.

Постојаниот координатор на Обединетите нации Франсоа Џејкоб, заменик-шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Сара Груен и шефот на мисијата на Советот на Европа Тобијас Флесенкемпер ги пофалија домашните институции за соработка во областа на човековите права и воспоставување добра нормативна рамка. Тие ги истакнаа прашањата што треба да се решат во иднина, како што се безбедноста на јавните простори, слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, слободата на изразување и собирање, сузбивање на говорот на омраза и глорификација на воените злосторници.

Борче Величковски, Јасмина Цуриќ (претседателка на Бошњачкиот национален совет) Министерската Гордана Чомиќ и Дарко Баштовановиќ (претставник на Хрватскиот национален совет)
Извор
Министерство за човекови и малцински права

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button