КултураМакедонија

Фотопатување низ Македонија во 1960тите и 1970тите

Македонија во очите на фотографот Драгољуб Замуровиќ

Сите фотографии се снимени во тек на 1970-тите и 1980-тите години до распаѓањето на Југославија. На овие фотографии гледам со меланхолија. Тоа беше почеток на мојата фотографска кариера. Иако фотомонографијата на Македонија никогаш не е објавена некои од фотографиите ми се многу драги. Фотографијата со пиперките во Струмица е мојата прва фотографија објавена во реномираното списание „LIFE” и затоа е мојата најомилена фотографија од сите направени во целиот мој живот – вели господинот Замуровиќ.

1. Свети Николе

Купив мапа на Македонија и десетина ролни дијапозитив од филмот „Agfa CT 18”, ги прелистав сите осум тома на Енциклопедијата на Југославија, извадив белешки за интересните места што имав намера да ги посетам и тргнав на пат. Тоа ми беше прв пат систематски и со намера да правам фоторепортажа. Некои од фотографиите што тогаш ги направив, вклучително и оваа снимка на местото Свети Николе, ги укомпонирав во една голема репортажа што ја направив неколку години подоцна.

2. Охрид, јули 1969 година

Бидејќи некаде прочитав дека Ле Корбизје бил воодушевен од архитектурата на стариот Охрид, како млад студент решив да одам таму со фотоапарат. Но, и покрај извонредната архитектура, не можев да одолеам да го снимам детево.

3. Каменолом Сивец (Прилеп), август 1975 година

Кога го снимав овој каменолом не сонував дека подоцна многу фасади низ светот (џамијата во Абу Даби, црквата во Москва, становите во Сингапур…) ќе бидат покриени со прекрасниот бел мермер.

4. Река, јануари 1976 година

Во Северна Македонија, во областа што се нарекува Река, живееле Мијаците, словенско племе доселено од Албанија. Нивните обичаи, вклучувајќи го и празнувањето на славата, се многу слични на старите српски обичаи. Еден Македонец ми раскажа дека тие биле највредните и најталентираните градители во Македонија, што го изградиле конакот на Милош на Топчидер. Сето тоа ме поттикна да отидам таму и да ги фотографирам.

5. Охрид, мај 1979 година

Ловењето на риба на Охридско езеро што го снимив далечната 1979 година е една од моите фотографии објавени во списанието National Geographic како дел од репортажата за Охрид.

6. Пиперки во Струмица

Имав девет години кога првпат сонував чуден сон: го зимам новото издание на списанието „LIFE”, полека го прелистувам и наеднаш гледам фотографија што јас ја снимив, го барам името на авторот до фотографијата и го гледам моето име. Тој сон го сонував неброено пати се до април 1991 година кога еден пријател од Америка ми донесе нов број на списанието „LIVE”. Штом го отворив ја видов оваа фотографија на пиперките што ја снимив во Македонија а покрај неа пишуваше „ Photo: Art Zamur”. Ќе бидам слободен да кажам дека тоа беше најсреќниот момент во мојата кариера!Подоцна „LIVE” објавуваше мои фотографии – неколку пати во рубриката „Големи фотографии”, еднаш на насловната страница – но таква радост никогаш повеќе не доживеав.

Биографија на авторот

Драгољуб Замуровиќ роден во 1947 г. дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград. Од 1977 до 1979 година е студент на постдипломски студии по фотографија кај Драгољуб Кажиќ на Факултетот за применети уметности во Белград. Од 1979 до 1981 година е вработен во списанието „Илустрирана политика“ како фоторепортер, а од 1981 година има статус на слободен уметник. Од 1987 година е акредитиран постојан странски дописник на француската агенција „Гама“.

Како дописник на една од најголемите светски агенции „Гама“, неговите фотографии повеќе од две децении ги објавуваат најпознатите списанија ширум светот.

Значајни награди, дипломи и признанија: Голема награда на Србија за фотографија и дизајн на Министерството за култура на Србија и на ULUPUDS за уметнички достигнувања во 2002 година и придонес во применетата уметност и дизајн, награда за животно дело на ULUPUDS за целокупно творчество и придонес во развојот на применената уметност и дизајнот, Голема награда на 21-во мајската изложба ’89 на ULUPUDS, звање истакнат уметник на ULUPUDS…

Драгољуб Замуровиќ е автор на неколку фото-монографии што ги има направено за различни издавачи: „Циганите на светот“, „Меѓугорје“, „Казахстан“, „Казањ“, „Србија, животот и обичаите“, „Војводина“, „Црна Гора“, „Црна Гора“, „Сараево“, „Сараевска Хагада“, „Србија, Дунавски басен“, „Црногорски сликари“, „Нови Сад“, „Мој Белград“, „Unter Anderen“…

За фотографирање од воздух, Замуровиќ конструирал специјален воздушен брод, хибрид од балон со едносед и мотор со параглајдер. Тоа е првиот авион од ваков тип во светот, а благодарение на него успеал да снима таму каде што на друг начин не би било возможно.

Покрај изработката на фотомонографии значаен сегмент од творештвото на Замуровиќ се и самостојните изложби, како во познатите галерии во Србија и во странство така и оние кои авторот ги организира на слободен простор. Се проценува дека над милион луѓе ги виделе неговите изложби.

портретна фотографија на авторот: Добрила Замуровиќ

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button