БлогВестиМакедонија

Македонскиот модел на европската интеграција

После Република Турција, за која многумине и не знаат дека е во процес на пристапување во Европската унија, фактите сведочат дека македонската држава је лидер во траењето на процесот на европското интегрирање од без малку 20 години. Во однос на другите држави на Западниот Балкан е апсолутен лидер, имајќи во предвид дека прва доби кандидатски статус во однос на таканаречената западно-балканска шесторка, ама сеуште ги нема започнато ниту преговорите за пристапување. Всушност се наоѓа некаде на дното, заедно со Албанија и Босна и Херцеговина, додека пак Србија и Црна Гора ем подоцна добија кандидатски статус, ем веќе длабоко се навлезени во преговарачкиот процес на пристапување.


Македонскиот модел е всушност „мешавина“ која ја покажува слабоста на македонските политичари, а истовремено стратешката слабост на Европската унија. Од македонска страна, битно е да се истакне дека преговарачкиот и интегративниот процес со Европската унија се сведе на исполнување предуслови. Слабите и корумпирани институции„ нагризениот државен систем како последица на политичката корупција и клиентелизам ја довео држава на ниво да исклучиво функционира и биде одржљива во случај на давање „концесии“. Па така се повлече чекор назад во решението со Грција, а во случајот со билатералните спорења со Бугарија, веќе неколкупати се повлекува назад, само е прашање дали тоа повлекување може да оди во недоглед.


И зошто ако зборуваме за билатералните спорови, битно е да ја истакнеме системската и институционална ефективност и ефикасност. Затоа што Атина и Скопје, како држави-членки на Европската унија не ќе можеа да ги злоупотребуваат внатрешните проблеми со кои се соочува македонската држава, доколку истите не постое, а билатералните спорови истовремено не ќе можеа да ги пласираат така високо на европската политичка агенда.
Значи, искористување на внатрешните проблеми за надворешна употреба претставуваше вистинскиот рецепт во рацете на Атина, а сега и во рацете на Софија, да го блокираат и оспоруваат патот на македонската држава кон Европската унија.


Од другата страна, стратешката слабост на Европската унија се огледува во неспособноста на официјалиот Брисел да го препознае стратешкиот значај од интегрирањето на Западен Балкан, вклучително и македонската држава, во Европската унија, а посебно во актуелното поглавје на меѓународните односи, кога бројни регионални и континентални сили пробуваат да ги реализираат своите интереси во различни географски делови во светот. Па така денес сме сведоци на се поцврстата економска, но и политичко-безбедносна улога на Пекинг на Западниот Балкан, но и обновената традиционална улога на Руската Федерација.


Всушност, Европската унија, занемарувајќи ја политиката на проширување, помеѓу другото и со примерот на македонската држава, си дозволи себе си да биде само еден од надворешно-политичките актери на Западниот Балкан, наместо да биде и остане лидер во тој контекст.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button