ВестиКултура
Актуелно

Јани Бојаџи и Теона Митевска на Фестивалот на авторскиот филм во Белград

На 27 Ноември на “Фестивалот на авторскиот филм“ во Белград, во 19.30 часот во Кинотеката на Југославија, премиерно ќе биде прикажан филмот “Кино Љубов“ на Јани Бојаџи, додека во 21.30 ќе биде прикажан филмот ,,Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска.

“Кино Љубов“ е авторски филм и е дел од независната македонска кинематографија, плод на љубовта и трудот на целата екипа. “Кино Љубов“ е во целост филм на актерите Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и доајенот на македонскиот филм, мајсторот Благој Чоревски – истакнува Јани Бојаџи сценаристот и режисерот на филмот.

На денот кога е прогласена пандемијата на COVID, адвокатката Мира поставува бомба под автомобилот на нејзиниот брат Стив за да го спаси семејството од распаѓање. Постепено се открива игра полна со недоразбирања, љубов и страст. Една година по овој настан, Стево отвора кино и го нарекува „Љубав“, со што се исполнува животната желба на сопругот на Мира.

Најновото остварување на Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Дел од актерската екипа се: Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Зорица Нушева, Џевдет Јашари и Фирдауз Неби од Македонија, како и актери од Хрватска и БиХ. Филмот е во копродукција на Македонија,Хрватска, Белгија, БиХ и Данска.

Премиерно е прикажан на престижниот филмски фестивал во Венеција, а веднаш потоа и на InternationalFilmFestival во Торонто.

Повезани чланци

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button