ИнформирањеТВ емисии

Македонско Сонце- 11 05 2025

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:

-Одбележување на 122 годишнина од смрта на еден од најголемите македонски револуционери, Гоце Делчев се одбележа на 4.05. во Јабука. Покрај полагањето на свежо цвеќе пред бистата во училиштето које го носи неговото име, за прв пат се одржа и панахида во храмот Св.Илија во организација на Здруженијето ,,Илинден“ од Јабука и Националниот Совет

-Во Галеријата Чубрило во Земун, на 29 04, се одржа самостојна изложба на уметничка фотографија, под името ,,Илузија на човековото постоење“ на уметникот Глигор Максимовски, под покровителство на ,,Мотус“ од Куманово

-Да се подсетиме на скорашно интервју со Ана Марија Багдал, инфлуенсерка со македонско потекло

-Разговаравме и со македонскиот пеач Огнен Здравковски, поранешниот финалиста на емисијата ,,Sвезде Гранда„

Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button