ВестиКултура

Ликовни работилници во Качарево – Различни генерации обединети во уметноста

Во Здружението „Вардар“ од Качарево се одржуваат ликовни работилници. Благодарение на професионалното водство на уметницата Ана Чижик, членовите на оваа Здружение имаат можност да научат основни техники, да ја изразат својата креативност и да се дружат.

– Научив да сликам во техниката акварел. Досега ми оди многу добро. Сликањето во тишина и со музика позитивно влијае на човечката психа, вели Лазар Ристовски.

– Од неодамна посетувам ликовни работилници, сега сликам многу подобро. Отсекогаш сум сакала да цртам, па ми е многу интересно на ликовните работилници, кажа Ана Мичиќ.

– Научив многу повеќе отколку што знаев за сликањето со акварел. Ми се допаѓа овде и ќе продолжам да доаѓам и да учам повеќе, изјави Теодора Ристовска.

– Ликовните работилници ги посетувам од самиот почеток и сум најредовна. Научив како правилно да работам со водени бои, како да цртам и обојувам цртеж, засенчување. Сликањето стана мое хоби, вели Слаѓана Дамјановски Величковиќ.

– За нас ова претставува мала екскурзија од нашите животи во светот на мирот, тишината, спокојството, доброто друштво и пријатна атмосфера. Сите сме тука од различни генерации, а сепак сме како едно, изјави Снежана Угреновиќ.

За два месеци, колку што се одржуваат работилниците, учесниците научија многу, но пред се да уживаат во уметноста, вели сликарката Ана Чижик.

– Бев на ликовна колонија во Качарево и се роди идејата да организирам работилници. Започнуваме со цртежи и основи, учиме за пигмент, мешање на бои. Досега учесниците добро напредуваат, но всушност ова е убава занимција. Учиме и веднаш го гледаме резултатот од она што сме го научиле. Секое дело, без разлика на видот на уметноста, е дел од нас и нашата душа. Во светот има многу зло и манипулации, а овде се обидуваме да го поништиме, вели уметницата.

Во Здружението „Вардар“, покрај ликовните работилници, редовно се одржуваат и драмски работилници, како и проби на Пејачката група „Тоше Проески“. Исто така, ова Здружение организира многубројни настани кои имаат за цел да ја промовираат македонската традиција и култура, а заинтересираните можат да им се приклучат и изберат нешто по свој вкус.

Повезани чланци

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button