Борче Величковски – лидер на македонската заедница во Србија

Борче Величковски е лидер на македонската заедница во Србија, долгогодишен претседател на Македонскиот национален совет, идеен творец на концептот МАКОС – македонски обединети сили и автор на првата Стратегија на функционирањето на македонската заедница во Србија 2013 – 2023 година.
Роден е во Крива Паланка 1973 година, се школувал, работи и живее во Панчево, Србија. Има долгогодишно искуство во активизмот за заштитата на човековите и малцински права. Член е Националниот совет на македонското национално малцинство од неговото основање во 2004 година, а од 2010 и негов претседател. Во време на неговите мандати направени се големи исчекори во работата на Македонскиот национален совет, посебно во областа на образованието – Македонскиот јазик со елементи на националната култура воведен во образовниот систем на Србија како изборен предмет; и службена употреба на јазикот и писмото – македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се во службена употреба во општината Пландиште, како и населените места во градот Панчево: Јабука и Качарево. Во 2013 година, усвоена е и првата Стратегија за работата на македонската национална заедница во периодот 2013 – 2023, во која што Величковски, како автор ја дефинираше поставката на македонската заедница во Србија врз три столба: државниот – кој го претставува Националниот совет, како државна институција на Република Србија; општествениот – кој го претставуваат организациите односно македонските здруженија во Србија, обединети во сојузот наречен САМС и политичкиот – кој го претставуваше (во 2013) единствената политичка партија на Македонците во Србија – Демократската партија на Македонците. Овие три столба се и оските на концептот МАКОС – македонските обединети сили.

Тој е и иницијатор, суоснивач и оснивач на голем броја на организации и струковни здруженија во Србија. Бил претседател на Здружението на припадници на македонското национално малцинство за Јужнобанатски округ „Вардар” Панчево, подружница Јабука од 2002 до 2004 година и претседател и координатор на КУД „Васил Хаџиманов“ 2001 – 2007 година. Во периодот 2008 – 2010 година бил и вд директор и главен и одговорен уредник на Новинско издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар”.
Учесник е, воведничар и предавач на голем број семинари, тркалезни маси и конференции на тема човекови и малцински права во организација на цивилни организации, државни органи на Р.Србија и меѓународни институции. Во 2015 година го претставуваше Македонскиот национален совет и во Европскиот парламент во Брисел.


Борче Величковски е сеуште актуелен претседател на Координацијата на Националните совети на националните малцинства, функција која што ја имаше и во 2012 година. Член е на Работната група на Владата на Р.Србија за изработка на Акционен план за поглавието 23 во процесот на интеграциите на Република Србија во ЕУ и на Мешовитата меѓувладина комисија за следење на Спогодбата за правата на српското национално малцинство во Р.Македонија и македонското национално малцинство во Р.Србија.

Добитник е на многубројни награди, меѓу кои се и наградата за интеркултурален дијалог-Здружение на Евреји и нивни пријатели „Шалом Тора”, високо признание за исклучителен придонес и заслуги на полето на афирмацијата и зачувувањето на правата на македонското национално малцинство во Србија – Награда „Македонско сонце” а добитник е и на Орденот за заслуги за Македонија (четврто по важност државно одличје), кој му го додели македонскиот претседател др Ѓорѓе Иванов. Во време на неговиот мандат во 2013. година, Македонскиот национален совет го доби високото признание ,,Повелба на Република Македонија“

Неодамна ја објави и својата прва книга ,,Битка за земјата” роман за едно семејство.
Оженет со Адела Мерча-Величковска, дипломирани пијаниста и професор по клавир во музичкото училиште „Јован Бандур“ во Панчево, со која има три ќерки, Теодора ,Елена и Јана Величковска.