МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

THREE PAWNS VS BISHOP

И во денешниот текст освртот е на уште една шаховска компарација, конкретно дуелот помегу три пиони и ловецот. Како и секогаш постојат различни мислења на наведената тема, но ова се фактите:

Кога пешаците се посилни

  • Ако пешаците се поврзани (ланец) и напредуваат заедно речиси секогаш се посилни од ловецот.
  • Ако еден пешак може да стигне до промоција, додека другите го врзуваат ловецот, партијата е најчесто е добиена.
  • Ако пешаците се на различни линии и ловецот не може да ги контролира сите, пример доколку се позиционирани на црни полиња, а од другата страна е белиот ловец

Кога ловецот има шанса

  • Ако пешаците се распрснати и блокирани на бои што ги контролира ловецот
  • Ако ловецот е активен и постојано напаѓа од далечина.
  • Ако кралот на послабата страна помага во блокадата.

Ловецот контролира само една боја на полиња, па не може истовремено да спречи напредување на сите три пешаци ако се добро координирани.

  • 3 поврзани пешаци > ловец
  • 3 расцепкани пешаци = нејасна или реми позиција

Графички приказ – според мене црниот би бил во предност, но во пракса тешко дека ке се најете во ваква ситуација.

Кокретно би можеле да кажеме дека во почетниот дел на играта, ловецот е супериорен во однос на пешаците, но како се ближи крајот на партијата, пред се доколку пешаците се пробиле во противничкиот дел на таблата, тие стануваат доминантни, пред се поради можноста за промоција.

Во прилог е партијата од 1972. година (Rejkjavik) која се одигра помегу Спаски и Фишер, Спаски се определил за играње со ловецот, а Фишер за играње со пешаците, во конкретниот случај како победник излезе Спаски.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button