ИнформирањеТВ емисии

Oсвен СВЕТОТ на најмладите им останува и ЈАЗИКОТ!

Како и секој и овој 21 февруари беше посветен и прославен како „Ден на мајчиниот јазик„. По тој повод во просториите на здружението Кирил и Методиј од Нови сад се оддржа 36. седница на координативен одбор на друштвото за јазици, литература и култура.

  • Секоја година го одбележуваме меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Сите од друштвото на координација на јазиците, книжевноста и културата на овој начин го негуваат и зачувуваат мајчиниот јазик, бидејќи ако го сочуваме јазикот значи дека сме и опстанале како народ и сме го сочувале националниот идентитет – изјави Васка Чергоска, претседателка на ИО на здружението „Кирил и Методиј„ од Нови Сад.

Како идните борци за сочувување на „мајчиниот„ јазик, во емсијата „Македонско сонце„ која беше емитувана на 27.02. ни се претставија и учениците на македонскиот јазик од основното училиште во Јабука. Тие, споментиот ден го прославио со низа рецитацији од македонските автори.

  • Децата се заинтересирани за изучувањето на македонскиот јазик. Со годините се зголемува и бројката на запишаните деца и се надеваме дека бројот само ке биде уште поголем – истакна Јелена Наумовска, наставничка на македонски јазик во основното училиште „Гоце Делчев„ во Јабука.

На оваа тема својата изјава ја даде и Маре Каранфиловиќ, потпретседателка на одборот за образование на македонското национално малцинство.

  • Вложивме огромни напори, пред се со подршката на претседателог Борче Величковски, да направим некои чекори, за кои можеби некои ке кажат дека не се доволни. Меѓутоа, ветуваме дека имаме ентузијазам и дека понатаму ке работиме побрзо, поефикасно и следната година ке се видиме со поголеми резултати.

Во продолжението на емисијата можевте да го проследите и претставувањето на младиот музичар, текстописец и музички продуцент Виктор Апостоловски, од Битола.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button