QEEN VS TWO ROOKS

Во денешниот текст е едно од најчестите прашања во шахот, дама или два топа. Одгворот на ова прашање е дискутабилен и зависи од ситуација до ситуација, односно од проценката на шахистот. Два топа се генерално посилни од дамата, но исходот од борбата во шахот зависи исклучиво од координацијата на фигурите и позицијата на кралот. Во теорија, два топа вредат 10 поени (5+5), додека дамата вреди 9 поени.Ова се фактите:
Кога победуваат двата топа?
- Топовите се поврзани: Кога топовите се штитат еден со друг (батерија), дамата не може да им се приближи или да ги освои.
- Кралот е безбеден: Ако кралот на страната со топови е заштитен, дамата ја губи својата најголема моќ – вечниот шах.
- Отворени линии: Топовите доминираат кога можат слободно да се движат и да ги напаѓаат противничките пешаци.
- Завршница: Ако на таблата има малку пешаци, два поврзани топа лесно стануваат доминантни во однос на кралицата и кралот.
Кога победува дамата?
- Разделени топови: Ако топовите не се кординирани, односно не штитат во формација на батерија, подвижната дамата може да ги нападне со „вилушка“ (двоен напад) и ќе освои еден од нив.
- Изложен крал: Дамата го користи отворениот простор за постојано да дава шах, барајќи тактичка грешка
- Слаби пешаци: Ако страната со топови има многу небранети пешаци, кралицата брзо ќе дојде во ситуација да ги одстрани пешацит

Графички приказ на наведениот дуел, но во реалноста тешко дека ке се најдете во ваква ситуација, односно да нема ниту една друга фигура.

Во прилог е партијата помегу Карпов и Ананд од 1998 година, Карпов се определил за играње со топовите, а Ананд за играње со дамата.

Дуелот Фишер – Портиш од 1966. година, Фишер се определил за играње со дамата.



