Македонци во светот

Oтворено македонско катче на книгата во Трентино, Италија

Во пресрет на роденденот на  Македонското културно друштво „Св Кирил и Методиј“ од Трентино во овој италијански град беше отворено македонско катче на книгата.

Со тоа  на најубав начин во Градската библиотека во Тионе ди Тренто се заокружи  проектот во соработка помеѓу Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Македонското културно друштво „Св. Кирил и  Методиј“од Трентино.

На почетокот од септември минатата година НУ Библиотека од Охрид донираше поголем број книги од охридски и македонски автори со цел да го помогне отворањето на мини библиотека во нашето друштво , но и во Трентино, вели иницијаторот за оваа културна соработка Венко Трпески кој е од Охрид а живее и работи во Италија, а е претседател на МКД „Св. Кирил и Методиј“.

Многу  ми е мило  што  од управата  на библиотеката во Трентино се големи  ентузијасти  и  се пресреќни за соработката  со библиотеката  „Григор Прличев’ од Охрид  и веќе одбираат книги  за катчето а се од италијански автори, додава Трпески.

Трпоски беше иницијатор и во Охрид во НУ Библиотека да се отвори италијанско катче на книгата кое наскоро ќе профункционира и е опремено со средства од Италијанскиот синдикат за градежништво во кој Венко работи а идејата кај неговите претпоставени наиде на разбирање и поддршка.

Соработката со Венко ќе продолжи , вели Милчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, планирано е да биде преведен роман од италијански автор поврзан со животот во нашето македонско поднебје за време на Втората светска војна и по неа. Ако се оди според плановите промоцијата најверојатно ќе се случи во соработка со фестивалот „Охридско лето“ и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

Извор
Република online

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button