Образование

Пионерски потфат на нашите млади уметници

Во тек е изработката на првата боенка наменета за најмладите припадници на македонската заедница во Србија. Проектот ,,Македонски обичаји во слики” на здружението Македониум е одобрен од страна на Буџетскиот фонд за национални малцинства за 2021 година. Замислата на проектот е да ја развива љубовта на децата кон традицијата, националната култура, јазикот. Наменета е, пред се, за децата, од предучилишна возраст, како поттик и поддршка за учење на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура.

Боенката ја осмислија и ја изработуваат младите македонски ликовни уметници Ирена Ѓукиќ и Синиша Новески од Белград.

За нашата академска сликарка и ликовен педагог Ирена Ѓукиќ, богатството на македонската традиција, обичаи и фолклорот се неисцрпен темел и инспирација за креирање на уметност.

  • Големо задоволство е, вели таа, што на креативен и визуелен начин ја пренесуваме традицијата на помладите генерацији. Убаво е и чуството да се работи со драги колеги и пријатели кои ја делат истата мисла и ја имаат истата цел – да ја негуваат македонската традиција и да ја одбранат од заборав.
  • Мене како скулптор ми беше задоволство и предизвик преку цртеж да ја пренесам македонската култура и традиција, која преку боење на децата ќе им отвори прозорци кон нивните македонски корени. Да се радуват и веселат на убавите мотиви и бои на Сончевата Македонија – вели академскиот вајар Синиша Новески.

Боенката бесплатно ќе им биде поделена на дечињата, на почетокот од второто полугодие, во сите места во Србија каде се изучува предметот Македонски јазик со елементи на националната култура.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button