ЗапознавањеМАК Инфо Продукција

Зошто ЗАПОЗНАВАЊЕ?

ЗАПОЗНАВАЊЕ е специјална рубрика на порталот МАК-ИНФО, која со серијал на освртски текстови, репортажи и интервјуа има за цел да ги претстави и афирмира активностите на македонската заедница во Србија и да ја запознае и пошироката публика со нив.

Објавените медиумски содржини ќе послужат и како дел од кампањата на македонската национална заедница и пред се на Националниот совет на македонското национално малцинство за предстојниот попис на населението, со цел охрабрување на припадниците на македонско национално малцинство слободно да ја изјаснат својата национална припадност. Добро информираните граѓани можат да го препознаат значењето на поголемо учество во работата на Националниот совет и останатите македонски установи во Србија, да дадат поголем придонес во работата и одлучувањето, да придонесат во развојот на новите решенија, како и да ја засилат основаноста на барањето за унапредување на положбата на македонското национално малцинство.

Дел од оваа рубрика е планирано да бидат и интервјуа со истакнати личности од општестваниот и културниот живот на македонската заедница, кои имаат за цел да ги претстават позитивните вредности преку приказ на нивните животи и афирмација на нивното творештво, но и да ја направат оваа медиумска содржина поатрактивна и да ја доближат до помладата популација.

Запознавајќи се себе си, ги запознаваш и другите со своите специфичности, што претставува основа на меѓусебното разбирање.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button