Славе Ајтоски е еден од најпознатите македонски скулптори во Србија. Роден е во Прилеп 1948 година. Завршил средно училиште за применета уметност во Скопје во 1970 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, отсек скулптура во класата на професорот Никола Кока Јанковиќ, во 1978 година, каде што и магистрирал во 1983 година. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Србија од 1979 година, еден од основачите и член да Друштвото на ликовните уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).
Одржал самостојни изложби во Белград и Крагуевац и изложувал на бројни колективни изложби во Белград, Бор Ужице, Лозница, Ваљево, Крагуевац, Крушевац, Скопје, Никшиќ, Риека, Париз, Познан, Будимпешта и Њујорк. Добитник е на голем број награди. Награда за набавка на бронзена скулптура за Музејот на современа уметност во Скопје, Награда за уметничко дело на изложба во Никшиќ, Награда за реализација на Златната фибула, Виминациум во Пожаревац и добитник на втора награда на конкурсот за споменикот на жртвите од 90-тите, Ушќе во Белград. Неговите скулптури се поставени на многу јавни простори во Пожаревац, Темерин и Белград.
Неговите дела во галериски формат ги откупија Комерцијална банка, Инекс укус, Музејот на град Белград, Галерија Прогрес, Студио Урошевиќ, колекцијата Тихо Кондев во Белград, семејната куќа на Слободан Милошевиќ во Пожаревац, МНР, Музеј на современа уметност Скопје, Галеријата Ира Еделсон во Њујорк, како и индивидуални колекционери и љубители на уметност во Њујорк, Милано, Токио, Австрија, Србија… За уметноста на Слава Ајтоски пишувале историчарот на уметност Никола Кусовац и ликовните уметници Балша Рајчевиќ и Живојин Турински.
Славе Ајтоски живее и работи во Белград.