Македонци во светот

Македонката Емилија Стојменова-Дух стана министерка за дигитализација во Словенија

Емилија Стојменова-Дух, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада на новиот премиер Роберт Голоб.

Емилија Стојменова-Дух (36) е основач и директорка на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.

Таа е активна во иницијативата за „паметни села“ поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова-Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.

За FabLab лабораторијата за телекомуникации на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана таа во интервју за Иновативност.мк вели:

„Има над 1.200 Fablabs во повеќе од 100 земји во светот. Станува збор за концепт кој е резултат на иницијатива на Институтот за технологија на Масачусетс. Концептот е едноставен, Fablab е место со соодветна инфрастрктура – компјутери со брз интернет, 3Д принтери, CNC машина и некоја друга опрема, чија вредност не надминува 20.000 евра. Такви места може да се најдат во речиси секое село кое сака да соработува: културен центар, училиште, административната зграда и слично. Исто така, некои компании ни ја даваат таквата опрема на користење кога не им треба.

Луѓето кои ги развиваат своите идеи со ментор работат во fablab лабораторија и во Словенија сега има 28 такви локации. Во fablab лабораторијата на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана имаме развиено автономен робот на четири тркала за употреба во земјоделството. Може да се движи на секаков терен (лозови насади или нива со компири или пченка), може да детектира болест и соодветно на тоа да примени заштита. Тука направивме и мала метеоролошка станица за микролокација, затоа што квалитетот и влажноста на воздухот варираат од локација до локација во ист град. Исто така, беше направена и микробранова печка која чини неколку десетици евра. Студентите ја модифицираа за да може да се користи за производство на електрични кола за модерни електронски уреди.

Стојменова е по потекло од Виница каде завршила вторa година во природно-математичката гимназија, по што од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добила стипендија за програмата Меѓународна матура, а потоа и ги завршила студиите по електроинженерство на Универзитетот во Марибор, каде била најдобар студент.

Идниот премиер Голоб, претседателката на Социјалдемократите, Тања Фајон и претседателот на партијата Левица, Лука Месец, по неколкучасовни разговори потврдија дека новата Влада ќе биде составена од 19 министерства и владина Канцеларија за дијаспората.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button