Знаменити Македонци во Србија

Антоније Шкокљев

Антоније Шкокљев беше македонски академик, доктор по максилофацијална, орална и пластично-реконструктивна хирургија, член на меѓународниот колеџ за акупунктура во Њујорк, генерал мајот на ЈНА, публицист во областа на медицинските науки, на палео-лингвистиката и на древните корени на народите на Балканот, со особена нагласка на македонскиот народ и Македонија и учесник во НОБ.

Шкокљев е роден во септември 1923 година, во костурското село Д’мбени, Егејска Македонија. Осумгодишната класична гимназија на старогрчки јазик ја завршил во Костур, студиите по медицина ги започнал во Софија, Бугарија, а од 1943 во Дебар е ангажиран како епидемиолог во единиците на македонските партизани во кои останува до крајот на војната. По расформирањето на дивизијата во Куманово, бил испратен во Белград каде го завршил Медицинскиот факултет. Се усовршил за орална хирургија и во Цирих, Стохолм и Лондон.

Тој е основач и организатор на Клиниката за максилофацијалната и орална хирургила на Воено Медицинската Академија (ВМА) во 1972 година. Како воен стручњак и професор на ВМА во Белград, добил чин, најпрвин полковник во 1967, а потоа генерал-мајор во 1984 година, а на 31 декември 1986 година се пензионирал.

Во текот на својата работа и живот, професорот Шкокљев објавил над 260 трудови од медицината и стомато¬логијата, како и 10 книги во Србија, 3 во Македонија и по една во Германија и во Грција, а е и автор на три научни филмови во издание на „Застава филм“. На стручно, научно и образовно поле пронаоѓач е на десет иновации-патенти.

Академик проф. д-р. Антоније Шкокљев беше експерт на светската здравствена организација, член на Македонската академија на науките и уметностите, член на Академијата за медицински науки на Српското лекарско друштво во Белград и член на Американскиот меѓународен колеџ за акупунтура и електротерапија во Њујорк. Почина во април 2018 година, а погребан е во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button