МАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Василичарски мазник – традиција која трае

Мазник, колпите, колпиде или вртена пита е традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец, зелка… Едноставната рецептура, но малку посложена подготовка на мазникот поминала низ години традиција, но и ден денес останала едно од највкусните македонски традиционални јадења, кои мора да се направат за Василица.

Оваа традиција се негува и кај Македонците во Јабука, а рецептот го чува и со специјално сукало од Македонија ни го покажа Милица Додевски.

Во југозападна Македонија во Битолско, Прилепско и Охридско, вообичаено се подготвува сукан мазник со паричка за Василица или првиот ден на новата година, според јулијанскиот календар. Верувањата се дека, на тој што ќе му се падне паричката ќе го служи среќа во текот на целата година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button