МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКИTE ОТВOРАЊА

Денес ке се осврнеме на основните шаховски отвoрања, од кои шо некои се за почетници, а некои за поискусни шахисти.

Првите потези во шаховската игра се нарекуваат отворање или отворање на потези. Добро отворање ќе овозможи подобра заштита на кралот, контрола над таблата (особено над центарот), поголема мобилност и создава можности за освојување на ривалските пешаци и фигури.

Можни потези на отворање во шахот се проучувани многу стотици години, и многу од овие алгоритми добиле имиња со помош на кои дискусијата на играта е многу поедноставна.

Во текстот ке се осрвнеме на неколку познати шаховски отворања, па можете да ги препознаете кога ќе ги видите применети во играта. Многу книги и енциклопедии даваат инструкции за тоа како да се игра секој од долунаведените отворања. Ќе се фокусираме на некои основни пристапи кон почетокот на играта на шахот. Тоа е само помал сет од познати отвори; Термин отварање се однесува на белите фигури, додека одбраната се односеува на црните.

1. Ruy Lopez

Шаховското отварање “Ruy Lopez”,  попознато како “Шпанско отварање”, започнува со следните потези:

1. e4 e5

2. Nf3 Nc6

3. Bb5

“Руј Лопез” е старо шаховско отворање, именувано по шпански свештеник и шаховски ентузијаст од 16 век. Тој спровел систематско проучување на ова и други шаховски отворања, кои ги забележал во книга од 150 страници. Отворањето е сé уште во активна употреба; Фаворит се шахистите Гари Каспаров и Боби Фишер. На ова отворање белиот играч создава можност да го блокира д-пешакот или скокачот и веднаш го започнува нападот, додека се подготвува за рокада.

Белиот играч генерално врши  притисок врз црниот е-пешак и се обидува да се подготви за пешакот на d4. Најдобар одговор на црниот за движење 3 е “a6”, со што директно го напаѓа ривалскиот бел ловец. Потоа, белиот може да се повлече (“Ba4”) или да ги замени фигурите (“Bxc6”).

2. Италијанска игра

Италијанската игра е скуп на шаховски отворања кои започнуваат со потезите:

1. e4 e5

2. Nf3 Nc6

3. Bc4

Отворањето е дефинирано со развојот на белиот ловец до c4 (т.н. “италијански ловец”), каде го напаѓа ранливиот f7-квадрат на Црниот. Инаку Италијанската игра е едно од најстарите и најанализираните шаховски отварања, кое се анализтира повеке од 300 години.Ова отворање не е комплицирано и погодно е дури и за почетници.

3. Кралевиот гамбит

Ова отворање било најпопуларно во 1800-тите. Белиот играч нуди пешак во замена за брз напредок на други фигури и превземање на иницијативата на средината на таблата. Денес ретко се гледа на мајсторско ниво; Ова отворање почнува со следните потези.

1. e4 e5

2. f4

Логички одговор на ова е потегот на “exf4”, прифаќајќи го гамбитот. Инаку мана на ова шаховско отворање е експонирање, незаштитеност на кралот.

4.Гамбитот на кралицата

Гамбитот на кралицата е шаховското отворање кое започнува со потезите:

1. d4 d5

2. c4

Ова е едно од најстарите отворања и сеуште се игра денес. Традиционално се опишува како гамбит бидејќи белиот се чини дека го жртвува ц-пешакот за стекнување на предност, односно иницијатива на средината на таблата; Ова шаховско отворање преставува едно од најстарите шаховски отворања и се спомнува дури во списте од 1490 година. Од познатите шаховски шампиони ова отворање често го применувале Анатолиј Карпов, Хосе Раул Капабланка и Александар Алјехин.

5. Индиска одбрана на кралот

Ова е пример за хипермодерно шаховско отворање, во кој црниот повторно ги остава централните полиња на белиот играч, со цел да го надмине и уништи неговата позиција. Тоа е ризичен потег, еден од омилените отворања на шахистите Гари Каспаров и пред се на легендарниот Боби Фишер.

1. d4 Nf6

2. c4 g6

3. Nc3 Bg7

6. Четирите коња

 Четирите коња е  шаховското отворање кое започнува со потезите:

1. e4 e5

2. Nf3 Nc6

3. Nc3 Nf6

Отворањето е прилично популарно кај почетниците кои строго се придржуваат до принципот на отворање: “Развивајте ги коњите пред ловците”.

За кое шаховско отворање ке се определите изборот е ваш, но дококу сте почетник или некој со недоволно шаховско искуство, совет би бил под редните броеви 2 и 6.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button