МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

“ROOK VS TVO NIGHTS”

Во денешниот текст освртот е на уште една вечна тема – топ или два скокача. Толкувањата се различни и генерално зависат од позиција до позиција. Ова се фактите:

Во чиста материјална вредност на фигурите:

  • Топ ≈ 5 поени
  • Два коња ≈ 6 поени

Теоретски два скокача се посилни од топот, но во пракса често не е така и зависи од многу фактори, пред се од заостанатите фигири и активноста на кралот.

1. Коњите се силни во затворени позиции

Ако позицијата е блокирана и коњите можат да се поддржуваат, тие често доминираат.

Пример:

  • скокачите контролираат центар
  • кралот е активен
  • топот нема отворени линии

Тогаш страната со два коња има предност.


2. Топот е силен во отворена позиција

Ако има простор и активен крал, топот:

  • можност за правење вечни шахови
  • напаѓа од дистанца,
  • ги раздвојува скокачите

Коњите тешко се бранат кога се оддалечени за разлика од топовите. Во прилог се две интересни позиции.

Доминантна позиција на црниот, според мене следниот потег на црниот би бил на Г5.

Поинаква позиција, предноста е на страната на шахистот кој е на потег, за белиот најдобар потег би бил б5, а доколку црниот би бил на потег, најдобриот потег би бил ц5 на е4. Од наведеното се гледа дека вредноста на фигурите е ралативна и зависи од позицијата, но според мене играч со два скокача во завршницата е најчесто во предност во однос на другата варијанта.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button