Вести

Заедно кон нови можности: ИНОВА и Националниот совет разговараа за идни заеднички проекти

Во рамките на официјалната посета на Белград, претставници на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) остварија работна средба со претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ, и секретарот на Советот, Марјан Јованоски. На средбата беа претставени програмите и можностите што ИНОВА ги нуди за поддршка на иновациите, претприемништвото и технолошкиот развој, кои им се достапни и на државјаните на Република Македонија што живеат и работат надвор од матичната држава.

Во пријателска и конструктивна атмосфера се разговараше и за можностите за воспоставување заеднички активности и проекти кои ќе придонесат за посилно поврзување на македонската заедница во Србија со својата матична држава преку знаење, современи технологии, иновации и претприемачки иницијативи.

Од ИНОВА истакнаа дека е нивна долгогодишна практика, при секоја официјална посета на странство, да остваруваат средби со претставниците на македонските заедници, препознавајќи ја нивната важна улога како мост на соработка, пријателство и поврзување меѓу народите.

Средбата претставува уште еден чекор кон продлабочување на институционалната соработка и создавање нови можности за вклучување на македонската заедница во Србија во современите развојни и иновативни процеси.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button