ИнформирањеРадио емисии

Македониум РНС3 (makedonski) – 28.12.2022.

Во последната радио емисија Македониум во оваа година, имате прилика да слушнете за некои од темите што ја одбележаа 2022 година:

  1. Во Нови Сад, европската престолнина на културата на единствениот мултимедијален книжевен павиљон ,,Селидби на душите” гостуваше македонската писателка и критичарка Румена Бужаровска;
  2. Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“;
  3. „Сестри” на режисерката Дина Дума, кој е и македонскиот кандидат за Оскар во категоријата меѓународен филм за 2022, ја доби наградата за најдобра режија на FEST – International Film Festival, во Белград;
  4. На 21.03. 2022. започна настава по македонски јазик на далечина, за сите иселеници и за оние кои сакаат да го научат македонскиот јазик;
  5. Културниот центар Вршац потпиша спогодби за работно-техничка соработка со Националниот совет на македонската национална заедница и новинско-издавачката установа НИУМИЦ односно Македонски информативен и издавачки центар
  6. Државниот архив на Македонија и Државниот архив на Војводина во Нови Сад ја отворија изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ .
  7. Претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадскиот театар (Новосадското народно позориште) се здоби со 22 награди;
  8. Признавање на автокефалноста на Македонската православна црква Охридска Архиепископија од Српската православна црква;
  9. Република Србија донесе одлука да отвори конзулат во Охрид, а честа да биде конзул му ја укажа на младиот и амбициозен дипломат и бизнисмен Михајло Филев, заслужен за ширење на македонските културни вредности, кој е познат и признат низ светот како изработувач на уникатен накит, наследник на семејството Филеви

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:15 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button