МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО ШАХ

Светското првенство во шах е натпреварување под покровителство на ФИДЕ (Светската шаховска федерација) и се одржува секоја втора година. Неофицијални натпревари за титулата светски првак се играат од 1886. година, а во ерата на ФИДЕ од 1948 година.

И покрај тоа што светското првенство е отворено за сите играчи, постојат посебни првенства за жени, потоа за шахисти до 20 години, за помлади возрасни групи, сениори, како и еден за компјутери. Инаку постојат и светски првенства во шах во брз, блиц, кореспонденција, решавање на проблеми и таканаречен случаен шах на Фишер. Во овој текст ќе се осврнеме на машкото првенство во класичен шах, а на другите подетално ке се осврнеме  во еден од следните текстови.

Актуелен светски шампион е Магнус Карлсен кој оваа титула ја носи од 2013. година.

Актуелен светски шампион е Магнус Карлсен

Инаку светски шаховски шампионат може да се подели во 3 периоди.

1. Неофицијалното првенство, кое се однесува на периодот пред 1886. година, каде се истакнуваат шахистите Руј Лопез де Сегура, , Паоло Бои, Алесандро Салвио и други.

2. Периодот од 1886 година го одбележаа Вилхелм Штајниц и Емануел Ласкер.

3. Периодот од 1948 до 1993 година е периодот во кој се одржуваа светските првенства под покровителство на ФИДЕ, а кој во суштина може да се смета за единствен релевантен и официјален и на кој ќе се осврнеме.

Светските првенства во шах до 1948 година ги организирале самите играчи, а трошоците за организацијата биле на товар на нив. Од 1948 година, светското првенство се организира на секои две до три години и се карактеризира со раѕлични регионални турнири за квалификации.

-Квалификациони турнири за кандидати

– Турнирот за кандидат е турнир за избор на предизвикувач. Со текот на годините се разликуваше по бројот на играчите (помеѓу 8 и 16 играчи) и формат.

– Шампионат помеѓу шампион и предизвикувач (финале)

Инаку, правилата на првенството се менуваа, на пример до 1974. година се играше на вкупно 24 партии, при што победник би бил шахистот кој на крајот би имал најмногу бодови. Првенствата одржани во 1981 и 1984 година се играа за 6 победи, односно шампион би бил шахистот кој прв остварил шест победи. За титулата во 2007 година се одиграа вкупно 12 натпревари, а на првенството одржано во 1996 година се одиграа вкупно 20 натпревари.

Првиот официјален светски шампион во шах беше Михаил Ботивник, кој ја освои титулата во 1948. година.

Шамиони у во рганизација на ФИДЕ (1948-1993) године

1Mikhail Botvinnik1948–1957 Soviet Union
2Vasily Smyslov1957–1958 Soviet Union
3Mikhail Botvinnik1958–1960 Soviet Union
4Mikhail Tal1960–1961 Soviet Union
5Mikhail Botvinnik1961–1963 Soviet Union
6Tigran Petrosian1963–1969 Soviet Union
7Boris Spassky1969–1972 Soviet Union
8Bobby Fischer1972–1975 United States
9Anatoly Karpov1975–1985 Soviet Union
10Garry Kasparov1985–1993 Soviet Union
 Russia
Дуел на Боби Фишер и Борис Спаски – Светски шампионат 1972. година – Рејкјави, Исланд

Дуел на Гари Каспарова и Анатолија Карпов – Светски шампионат 1984, Москва.

– Периодот од 1993 до 2006 година се карактеризира со раскол во светската шаховска асоцијација под „дирегија“ на Гари Каспаров, кој ја основал Професионалната шаховска асоцијација (ПЦА) . Шампиони во организација на ПЦА (1993-2006) година

Garry Kasparov1993–2000 Russia
Vladimir Kramnik2000–2006 Russia

Шампиони во организација на ФИДЕ (1993-2006) година

1Anatoly Karpov1993–1999 Russia
2Alexander Khalifman1999–2000 Russia
3Viswanathan Anand2000–2002 India
4Ruslan Ponomariov2002–2004 Ukraine
5Rustam Kasimdzhanov2004–2005 Uzbekistan
6Veselin Topalov2005–2006 Bulgaria

Стевски шампиони во шах по обединувањето на титулата во организацијата ФИДЕ

1Vladimir Kramnik2006–2007 Russia
2Viswanathan Anand2007–2013 India
3Magnus Carlsen2013 Norway

За титулата светски првак во 2023. година ќе се борат Јан Непомињачи од Русија и Динг Лирен од Кина. Актуелниот шампион Магнус Карлсен се откажа од одбраната на титулата.

Исто така, во женска конкуренција титулата ќе ја брани актуелната шампионка од 2020 година, Кинеската Ју Венџун.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button