Алехин – Капабланка

Во денешниот текст но и во наредниот период освртот ќе биде на најголемите шаховски ривалитети, така да во денешниот текст освртот е на ривалитетот помегу Александар Алехин и Хосе Раул Капабланка. Се работи за поранешните светски шаховски шаппиони Алехин (1927 – 1935 и 1937 – 1946), Капабланка (1924 – 1927).

Вкупно изиграле 80 официјални партии, при што Алехин победил 9 пати, Капабланка 7 пати, а 64 партии беа ремизирани.
Во 1927 година, во Буенос Аирес, Алехин го предизвика тогашниот светски шампион Капабланка. Капабланка беше голем фаворит и важеше за речиси непобедлив шахист.
Мечот се играше по правило „прв до шест победи“, при што ремизираните партии не се броеја. По долг и исцрпувачки дуел, конечниот резултат беше:
- Алехин – 6 победи
- Капабланка – 3 победи
- 25 ремија
Дуелот му припадна на Алехин, пред се поради подобрата подготовка, со форсирање на затворената игра. Неговата победа се должеше на темелна подготовка, агресивен и креативен стил на игра, како и на способноста да создава сложени позиции во кои Капабланка не се чувствуваше најудобно.
Иако Капабланка подоцна повеќепати бараше реванш, до нов меч за светската титула никогаш не дојде.
Ова ривалство останува симбол на судирот меѓу два различни шаховски стила:
Алехин – креативност, длабока подготовка и извонредна тактичка игра.
Капабланка – едноставност, прецизност и мајсторство во завршниците.
Во прилог се три партии од наведениот шампионат.

Дамин гамбит, партијата му припадна да Алекин, се работи за 7. партија на шампионатот во Буенос Аирес во 1927. година.

Прва партија, Капабланка – Алехин, црниот се определил за Француска одбрана.

Краличина Индијска одбрана, партија бр. 3 му припадна на Капабланка.



