МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

KARPOV VS KORCHNOI

Во денешниот текст освртот е на ривалството меѓу Анатолиј Карпов и Виктор Корчној,  едно од најжестоките и најдраматичните во историјата на шахот. Овој судир ги надмина спортските рамки и стана симбол на Студената војна, исполнет со политички притисоци, шпионажа и бизарен психолошки војна. Карпов светски шампион ве период од 1975 – 1985 и 1993 – 1999 година, а Корчнои веројатно најдобар шахист кој не станал светски шампион.

Првиот судир (1974)

Ривалството започна во финалето на Турнирот на кандидати во Москва. Карпов беше млада ѕвезда во подем и миленик на советските власти, додека Корчној беше вечен бунтовник и противник на социјалистичките власти. Карпов победи со тесен резултат (+3 -2 =19) и подоцна стана светски првак без борба, откако Боби Фишер одби да ја брани титулата. Набргу по овој пораз, Корчној пребега од СССР на Запад, со што нивниот следен дуел доби огромна политичка тежина.

Епскиот меч во Багио (1978)

Нивниот прв меч за титулата светски првак се одигра на Филипините и остана запаметен по неверојатни скандали:

  • Психолошки трикови: Корчној носеше рефлектирачки очила за сонце за да ги блокира погледите на Карпов. Карпов во својот тим имаше д-р Зухар, парапсихолог кој седеше во првите редови и зрачеше со „негативна енергија“ кон Корчној.
  • Драма на таблата: Карпов водеше со убедливи 5:1 во победи. Корчној направи чудотворен камбек и израмни на 5:5. Сепак, Карпов ја доби 32-рата партија и ја одбрани титулата со 6:5 (ремизираните партии не се броеле).

Мечот во Мерано (1981)

Вториот дуел за титулата се одигра во Италија. Атмосферата беше уште помачна бидејќи советските власти ги држеа сопругата и синот на Корчној, одбивајќи да им дадат излезни визи. Овојпат Корчној беше емотивно исцрпен. Карпов доминираше од самиот почеток и лесно победи со 6:2 во победи, со што ја потврди својата доминација во тој период.

Анатолиј Карпов и Виктор Корчној одиграа вкупно 106 официјални класични партии во нивната кариера. Нивниот меѓусебен скор во класичен шах е значително во корист на Карпов:29 победи за Карпов, 14 победи за Корчној, 63 ремија. Ако во оваа бројка се пресметаат и побрзите формати (забрзан шах, блиц) и егзибициските мечеви, тие се соочиле вкупно 121 пат, при што Карпов води со 35 победи наспроти 17 на Корчној, со 69 нерешени партии. На овој податок би можеле да додадеме и информација дека корчнои има позитивен скор против Тигран Петросјан (12-10), Борис Спаски (+21 -16) и егал против Боби Фишер, додека Карпов е апсолутен рекордер според боројот на освоени званични турнири 160.

Во прилог се 3 интересни партии од дуелот за светска титула од 1978. година.

Партија бр. 6 – Карпов – Корчнои (Англиско отворање)

Партија бр. 8 – Карпов – Корчнои (Рој Лопез)

Партија бр. 20 – Карпов – Корчнои (Каро Кан)

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Погледнте и
Close
Back to top button