Македонски ликовни уметници во Белград
Независно од тоа што македонските ликовни уметници кои се школувале или живееле во Србија се припадници на различни генерации, лесно можеме да ги констатираме нивните заеднички карактеристики како и оние по кои се разликуваат. Кога станува збор за материјалната култура, заедничка им е
припадноста на класичното сфаќање, според кое сликата е површина исполнета со боја.
Од друга страна, уште при изборот на формалната структура т.е. ликовниот јазик јасно се издвојуваат индивидуалните карактери: од поетскиот реализам и надрелната фигуралност, преку експресионистичката егзалтрција и смирените валерски созвучја, сè до современата симболика и апстракцијата. Се разбира, тоа е во согласност со историската структура односно во зависност од тоа што го инспирирало уметникот за креативниот акт – да ли мотивот е резултат од визуелното доживување или од фантазијата на самиот автор. Конечно метафизичката структура уште еднаш ни подвлекува несомнени различности што ги обележуваат поединците. Би можело да се рече дека притоа распонот на индивидуалните карактери главно е во согласност со уметничкото искуство. Од една страна, тоа се речиси филозофски размислувања и согласност со хармонијата на светот во којшто живееме, со потрага по моментите на естетското доживување, а од друга страна сугестивна е творечката вознемиреност, возбудата и љубопитството пред таинствените загатки на животот и уметноста.
Ако во потесна смисла несомнено му припаѓаат на кругот на белградската колористичка школа, на поширок план македонските уметници се типични Медитеранци, ластар на балканското поднебје, на кое не му се прифатливи патетиката, метафизичкото сонување или дури самосожалувањето.
Спонтано прифаќајќи го влијанието на средината во која живеат, тие штедро ѝ го враќаат долгот со благороден прилог. И покрајсовремената агресија на потрошувачкиот менталитет, тие преку своите дела нѝ праќаат скапоцени пораки за неуништивиот свет на душевната убавина.
- 
	
			  Вангел КоџоманИмето и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник… Прочитај повеќе
- 
	
			  Лазар ЛиченоскиСовремената ликовна уметност во Македонија е тесно поврзана со ликот и делото на Лазар Личеноски. Тој е еден од основоположниците… Прочитај повеќе
- 
	
			  Мирјана КрстевскаМирјана Крстевска е родена во 1955 година во Качарево во Панчево, недалеку од Белград. Дипломирала на белградската академија за ликовни… Прочитај повеќе
- 
	
			  Лилјана БлажевскаЛилјана Блажевска (1944–2020) е родена во Скопје, Македонија. Раното детство го поминала во родниот град, апсорбирајќи ја силната левантинска традиција… Прочитај повеќе
- 
	
			  Јордан ГелевскиЈордан Гелевски е роден 1941 година во Ново Село, покрај Струмица. Средно училиште за применета графика завршил во Скопје, а… Прочитај повеќе
- 
	
			  Божидар ДамјановскиБожидар Дајмановски e познат сликар, а се занимава и со цртање и графика. Член е на УЛУС од 1973 година.… Прочитај повеќе
- 
	
			  Стојан ПачовСтојан Пачов, познат сликар, живееше и работеше во Белград. Неговите слики и дела се наоѓаат во бројни галерии, претпретијатија и… Прочитај повеќе
- 
	
			  Рубенс КорубинРубенс Корубин веќе долго време е на самиот врв на македонското сликарство. Неговите дела се оние ретки, совршени унии меѓу… Прочитај повеќе
- 
	
			  Глигор ЧемерскиЧемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони. Неговот творештво е… Прочитај повеќе
 
				