Знаменити Македонци во СрбијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Вангел Коџоман

Името и ликовното дело на Вангел Коџоман е вградено во темелите на модерната уметност во Македонија. Тој е ликовен уметник и еден од малубројните кој во почетокот на триесеттите години на минатиот век, во историски неповолни услови, ја запозчнал својата творечка активност. Се смета како сликар на македонскиот пејзаж и македонскиот човек, работејќи во духот на академскиот реализам и постимпресионистичка постапка, формирајќи го своето сликарство на искуствата на интимизмот, социјалната уметност, како и на кубизмот, фовизмот и експресионизмот.

“Мотив од стара Струга”
“Испосница св. Атанасиј”, Калишта
“Чаршијата во Струга”

Роден на 14 февруари 1904 година во Струга. По завршувањето на Уметничката школа во Белград 1928 година го продолжува студирањето на двегодишниот академски курс кај проф. Милан Миловановиќ. Од 1936 г. до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 г. Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка”. Во 1938-39 г. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 г. и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 г. По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 г. дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 г. го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 г. Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.

“Даљаните и Струга”
“Старата струшка чаршија”

Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 г. Заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950″ во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 г. Остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт”.

Во 1975 г. е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е од 1981 г. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело – 1969; Осмоноемвриска награда на Струга – 1975; АВНОЈ – 1979; 13 ноември на град Скопје – 1981. Почина во Скопје 1994 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button