Виктор Шеќеровски
Виктор Б. Шеќероски е македонски поет. Роден е на 24 септември 1942 година во Радожда, Струшко. Се школувал во Јабука и Белград. Завршил Факултет за организациони науки во Белград. Член е на српското и македонското друштво на писатели. Долги години бил директор на издавачките куќи „Графос“ и „Југограф“ од Белград и „Македонскиот информативен – издавачки центар” во Панчево.
Шеќеровски пишува на македонски и на српски јазик. Автор е многубројни книги поезија, литературна критика и есеи, а превел и многу книги од македонски на српски јазик и обратно.
- Време на гласните студенила (поезија, 1972)
- Ковчег за самотија (поезија, 1976)
- Промена на просторот (поезија, 1980)
- Лице на земјата (антологија на поезијата на Турците поети од Југославија, 1982)
- Критичарите за поезијата на Десанка Максимовиќ (заедно со М. Блечиќ, 1982)
- По животот по срмтта (поезија, 1988)
- Белград меѓу песните и сонцето (антологија, 1987)
- Време зад ѕидот (поезија, 1990).
Добитник е и на голем број награди и признанија – Иселеничка грамота 2008 година на Матицата на иселениците на Република Македонија и на многубројни награди во Србија, Македонија, Бугарија и др. Во 2018 година ја добил наградата „Книжевна далга“. Негова сопруга беше поетесата Душица Илин.
Покрај поезијата, преводот и издаваштвото, Виктор Шеќеровски се занимава и со вињети. Љубовта кон овој вид на сликарство кај Шеќеровски потекнува од младоста. Тој досега има нацртано над 50 000 вињети. Неговите дела се наоѓаат во 500 книги, а се среќаваат и во многу списанија и весници. Има изложувано на три самостојни изложби од кои првата е 1974 година во Студентски дом во Белград, а втората и третата имаше чест прва да ја види публиката во Панчево во 2016 година.
Живее и работи во Белград.