Отворен Балкан: Македонија, Србија и Албанија со заедничка цел на поврзување на младите од регионот
На состанокот на Регионалната канцеларија за соработка на младите што се одржа во Белград, на кој присуствуваа министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ, државниот министер за млади и деца на Република Албанија, Бора Мужаќи, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Наумче Мојсовски, како и претставници на владите и младите, разгледани се можностите што земјите од Западен Балкан можат да ги искористат за поддршка на младите.
Министерот Удовичиќ со своите колеги од Македонија и Албанија разговараше за досегашната соработка, но и за бројни планови и можности за заедничко дејствување во иднина. На средбите, соговорниците разменија искуства и информации за досега реализираните проекти, како и за можните различни начини на поврзување на младите од регионот во иднина, при што беше заклучено дека улогата на младите е клучна за создавање стабилна и перспективна иднина на регионот.
Една од темите и на едната и на другата средба беше работењето на Регионалната канцеларија за соработка на младите, преку чија работа младите меѓу себе се поврзуваат и директно и успешно соработуваат преку заеднички проекти. Исто така, министерот Удовичиќ, министерката Мужаќи и државниот секретар Мојсовски го истакнаа големото значење за регионална соработка на иницијативата Отворен Балкан, кој е од интерес за трите земји, но и за целиот регион.