ИнформирањеТВ емисии
Со добра соработка и песна во новата 2022 година!
Во првата емисија во новата 2022 година можевте да ги проследите следните репортажи:
Првите минути од емисијата беа посветени на новогодишниот прием кај покраинскиот секретар за јавно информирање и односи со верските заедници Драгана Милошевиќ.
- Во 2022. година, ке продолжиме да бидеме ваши партнери во истрајноста, работата, посветеноста. И ова е можност да ви се заблагодариме во името на цела покраинска влада и во мое лично име – истакна Драгана Милошевиќ.
Во продолжение на емисијата можевте да ја проследите и изведбата на народната македонска песна „Јано мори” во пиано изведба на младиот талентиран музичар Горан Милошев, снимена во студиото на РТВ по повод новогодишните празници.
Дел од емисијата беше посветен и на професорот доктор Асен Џолев, доктор по стоматологија, од Струмица, кој веќе долги години живее во Србија и ја негува македонската традиција и песна.