Запознавање

ЗДРУЖЕНИЕ „ВАРДАР“ – 19 ГОДИНИ ВО НИШ!

Здружението на Македонците во Ниш „Вардар“ ја одбележа 19-тата година од своето постоење! Основана е на 20. декември 2002 година, па членовите во пресрет на Новата година го прославија својот роденден, но и доаѓањето на 2022 година, со надеж дека пандемијата на ковид, ако не исчезне, барем ќе овозможи повеќе дружење и заеднички настани.

Заедно со песната, и македонска и српска, заедно со македонското оро, но и српското коло, се потсетија на многу денови и вечери поминати заедно, пријатели од родната Македонија, но и Србија и се што направија заедно за припадниците на својата национална малцинство во Србија, но и за своите соседи во Ниш.

Бидејќи, како што самите посочуваат, станува збор за здружение во кое за членството не е пресудна националната припадност, туку хуманоста, меѓусебното почитување и разбирање и волјата за почитување на сопствената и традициите на другите народи, да се подобри животот на локалната заедница и остави историски белег како патоказ за следните генерации.

Многумина се во „Вардар“ повеќе од една деценија. Затоа не е лесно од памет да се издвојат најубавите заедно доживеани моменти. Затоа што ги имаше многу!

Целиот текст можете да го видите ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button