
Во денешниот текст, освртот е на првите две партии на светкиот шаховски шампионат.
По првите две партии од мечот за титулата светски првак во шах за 2026 година во Женева меѓу бранителот на титулата
Гукеш Домараџу и предизвикувачот Џавохир Синдаров, резултатот е нерешен 1:1. Двете партии завршија со реми, но имаа сосема различен тек и динамика. Во прилог се двете партии. Иако беше во полоша позиција, Гукеш избори реми со повторување на потезите во 38. потег

Партија бр. 1 – Синдаров – Гукеш (½–½, 38 потези), Синдаров започна со 1. e4, а Гукеш ја избра цврстата Берлинска одбрана. Интересен детаљ се случи на самиот крај кога Синдаров доби казна од две минути поради погрешно рекламирање на реми, што не влијаеше на конечниот исход.

Партија бр. 2 – Гукеш – Синдаров (½–½, 20 потези), Гукеш со бели фигури одигра 1. d4 и се определи за солидниот Лондонски систем. Синдаров беше одлично подготвен и рано го неутрализираше белиот со потезите …c4, …Db6 и …f5, со што ја презеде контролата врз просторот.
Откако заостана околу 35 минути на часовникот, Гукеш одлучи да не влегува во ризик, при што следуваше повторување на потезите со скокачот и ловецот (Sf6–Sd7 и Le5–Lg3), па играчите потпишаа реми уште во 20. потег.
Според досегашните партии, бранителот на титулата се определил за дефанзивна тактика и ке ја бара грешката на противникот.



