МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ШАХОВСКИ ЧАСОВНИК

Во денешниот текст подетално ке се осврнеме на шаховскиот часовник. Целта на шаховскиот часовник е да го следи вкупно лимитиранoто време кое што секој играч го има на располагање во текот на шаховска партија.

Шаховскиот часовник се состои од два соседни часовници со копчиња соцел да се запре едниот часовник додека се стартува другиот, така што двата часовници никогаш не работат во исто време. Тоа е особено важно во брзопотезниот шах. Инаку прв пат  часовниците беа користени на шаховски турнир  во Лондон во 1883. година како изум на Томас Брајт Вилсон од шаховскиот клуб Манчестер.

Шаховските часовници се делат во две групи:

1. Аналогни

Аналогните часовници имаат „знаме“ (холандски изум) што паѓа во истиот момент кога истекува времето на играчот. За жал, на овие часовници не може да се внесе дополнително време. Ова е причината зошто дигиталните часовници станаа се попопуларни.

Паѓањето на знамето е термин поврзан со шахот.

Знамето е уред на шаховскиот часовник, кој со својот пад сигнализира дека времето предвидено за размислување истече. Обично има црвена боја. Се што е прикажано со знамето се смета за точно во однос на шаховските правила.

Се вели дека знамето почнува да „виси“ кога шахистот ќе влезе во последните пет минути од времето на размислување

Аналогни часовник

2. Дигитални

Дигиталните часовници и игрите на интернет потикнаа бран експерименти со различни и посложени контроли на времето. Посебно е важен дигиталниот шаховски часовник, кој наиде на широка примена во шахот, а кој во 1998 година беше патентиран од поранешниот светски шампион во шах Роберт Фишер за (Chess960).  Дигиталниот часовник на Фишер на секој играч му даваше одредено време на почетокот на играта, а потоа додаваше време по секој потег. На овој начин играчите никогаш не би биле во временска криза, но сепак играта би завршила брзо, а постоела можност да се запре и да продолжи подоцна. Инаку Chess960 е една од шаховските варијации која привлекува се повеке внимание, на која ке обрнеме повеќе внимание во некој од  наредните текстови.

Иако беше потребно време за да се прифатат, од 2004 година голем број врвни шаховски турнири го користат системот на Фишер (иако помалку важните турнири сè уште ги користат традиционални часовници, бидејќи се поевтини). Друг дел од патентот на Фишер, синтетички глас кој ќе го предупреди играчот колку време му преостанува, но не беше прифатен.

Наједноставната метода на контрола на времето е таканаречената „ненадејна смрт“, во која играчите мора да направат однапред одреден број на потези и одредено време или ќе ја изгубат играта.

Особено популарна варијанта во неформалната игра е брзиот шах, во кој секој играч обично има пет минути да ја заврши играта.

Играчите можат да трошат повеќе или помалку време по пресврт. Потезите за отворање во шахот обично се играат брзо, бидејќи играчите добро ги знаат отворите, па имаат повеќе време подоцна да размислат за посложени и непознати позиции. Не е невообичаено играчот да ја напушти таблата на долги игри, но часовникот на отсутниот играч продолжува да работи ако е во движење или почнува да го темпира противникот ако направи потег.

Дигитален шаховски шасовник

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button