Знаменити Македонци во Србија

Прим. др Лили Џилвиџиева

Докторката Лили Џилвиџиева, специјалиста по оториноларингологија е родена во Скопје, а во 1981 година дипломирала на Медицинскиот факултет во Нови Сад. Од 1982 година, по положувањето на практикантскиот испит, до 1986 година, се вработува во Здравствен дом Нови Сад како лекар по општа пракса. Во наредните години заврши специјализација по оториноларингологија, а во 1991 го положи специјалистичкиот испит, по што се вработи како специјалист отоларинголог во Здравствениот дом Нови Сад.

Од 1994 година работи во Заводот за здравствена заштита на деца и младинци на Војводина во Нови Сад, каде и денес работи како раководител на одделението за ОРЛ.

Во 2015 година ја добива титулата примариус.

Членува во професионални здруженија: Српското лекарско друштво – член на претседателството на ОРЛ секцијата на Српското лекарско друштво – член на претседателството на Српското здружение на детски оториноларинголози – член на Европската асоцијација на педијатриски оториноларинголози.

Автор е и коавтор на бројни стручни трудови од областа на општата оториноларингологија и педијатриската оториноларингологија, кои беа презентирани на стручни собири во земјата и странство. Коавтор е на повеќе книги од областа на детската оториноларингологија, кои се издадени од SAPO.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button