ТВ емисии

Ревија на македонски носии во Качарево, во Белград премиера на монодрама „Сомнително лице”

Во најновата емисија, којашто е емитувана на 28.11 имаме прилика да ги проследиме настаните и случувањата во Качарево и Белград.

Во организација на центарот за афирмација на македонската традиција и посебност „Тоше Проески” од Качарево, а во придружба на ученици и професори на македонскиот балетски училишен центар „Илија Николовски Луј” од Скопје, на 13. ноември организирана е работилница која што опфати поставување на народни ора, песни и стилови на чешлање.

Работилница во Качарево

– Бевме поканети од драгите Качаревци, здружението „Тоше Проески” и Националниот совет на Македонците. Покрај концерната активност која што се случи во вчерашниот ден на ревијата на носии заедно со пеачката група „Тоше Проески„ денес реализиравме една успешна работилница за раководители и членови на фолклорни дејци од локалните ансамбли и културно уметнички друштва. Во еден преубав амбиент, во една акустична сала, направивме категоризација да пренесеме дел од методиката на народните ора, постепеното изучување на орската традиција, го демонстриравме и орото „Беранче”. Во вториот дел следеше работилницата со професорот Оливер Настовски, поставување на вокализи и техники на пеење и совладување на песната „Младо виде” од пределот Пијанец или околината на Делчево – истакна професорката по народни ора и група стручни предмети Благица Илиќ. 

Професорка Благица Илиќ

Во спомнатата емисија потоа можевме да ја проследиме премиерата на преставата „Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ, која што, за прв пат во историјата на ова дело, како монодрама ја изведе македонскиот актер Роберт Ќосев од Скопје.

Деталот од претставата „Сомнително лице„

– Нушиќ се игра веќе стотина години. Нушиќ досега сме го гледале во многу театри, во многу градови и земји ама во форма на монодрама, досега, никогаш. Сега, откако ја одиграв оваа претстава, јасно ми е и зошто – изјави Ќосев.

Роберт Ќосев, актер

Претставата ќе можете да ја проследите на репертоарот на Академија 28, каде продолжува да се изведува.

Во делот од емисијата кој е наречен „Шпајз на Македонија – Готвиме здраво” со македонскиот актер Игор Ангелов, во преубав амбиент во Охрид, можевте да проследите како правилно се подготвуваат риби и полжави ама и зошто е нездраво секојдневно да се јаде црвено месо.

Емисијата се емитува премиерно секоја недела од 18 часот на втората програма на РТ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски од Нови Сад.

Извор
Радио телевизија Војводине

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button